Ова е третата година по ред во која во октомври се очекува нов бран на позитивна енергија. Минатата година во Скопје над 1.600 учесници излегоа на бул. Илинден во склоп на Skopje Run 10K. Организатор повторно е тимот на Виз Ер Скопски маратон, Сојуз на спортови на Скопје.
Секој заинтересиран може да се пријави од денес, 22. август 2019, после 10.00 часот. Тие кои ќе се пријават во првите 2 дена, 22. и 23. август 2019, ќе може да го одберат својот стартен број. Исто како и претходно, на агендата се две трки и тоа трката на 10 километри и штафетната трка од 2 пати по 5 километри, кои ќе започнат на 6. октомври 2019 во 09.00 часот. Секој учесник ќе може како дополнителен продукт да купи и dry fit маица со логото на трката, а 100 денари од секоја продадена маица ќе одат во хуманитарни цели.
Skopje Run 10K веќе втора година е дел од календарот на Атлетската федерација (АФМ) и Европската Атлетска Асоцијација (ЕАА).
Главни покровители на Skopje Run 10K се Агенција за млади и спорт и Град Скопје. Трката е организирана од Сојуз на спортови на Скопје, Атлетска федерација и Атлетски клуб Работнички.
За повеќе информации за Skopje Run 10K посетете ги официјалните канали за комуникација: http://www.skopje.Run и https://www.facebook.com/SkopjeRun.
Онлајн пријавувањето ќе биде активирано и кај партнерот за пријавување www.smartrace.club.