Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, утринава со полициска придружба од КПУ Затвор – Скопје замина во Гевгелија на погреб на нејзината мајка. На Јанева и било дозволено накратко да се прости од својата мајка во капелата, пишува Слободен печат.
Полицијата не и дозволила да оди на гробиштата, туку веднаш ја вратила назад за Скопје, во истражниот затвор во Шутка, каде одлежува 30-дневен притвор.
Фото: Слободен печат