Соседското дерби од 3. коло во Првата фудбалска лига на Македонија, Вардар – Работнички, кое ќе се одигра в сабота на Арената „Тодор Проевски“ во Скопје му е доверено да го суди интернационалец Дејан Јакимовски. Преостанатите четири средби од ова коло се играат во неделниот прволигашки термин (17 часот).
Двојки и судии за 3. коло
ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ (Дејан Јакимовски – Никола Караколев, Даниел Василевски)
ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП (Димитар Мечкаровски – Дејан Неделковски, Гоце Петрески)
А. ПАНДЕВ – БОРЕЦ (Јован Качевски – Симон Грдановски, Разме Бакрачески)
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – СИЛЕКС (Константин Влахо – Дејан Димитријевиќ, Бојан Ивановски)
ШКУПИ – РЕНОВА (Васко Мавров – Ѓорѓи Станковски, Кире Ангеловски).