Во Грција уапсен маж поради убиство на соседите

Полицијата во северниот дел на  Грција денес уапси маж (42), осомничен за убиство на двајца соседи по расправија за паркирање.

Тоа се случи во градот Крисополис, недалеку од Кавала, приближно 180 километри источно од Солун, пренесува АП.

Се тврди дека убиецот и неговиот сосед биле во лоши односи веќе подолго време поради кавгата за тоа каде, сега веќе убиениот, ќе го паркира својот камион.

Расправија меѓу соседите избувнала кога сега веќе убиениот сосед го паркирал камионот во близина на куќата на осомничениот по што со пушка ги убил соседот и неговата 67-годишна мајка.

Треба да знаете
Последни објави