Премиерот Зоран Заев денеска ќе го посети пелагонискиот регион, поточно општините Прилеп и Новаци.
Во Прилеп, претседателот на Владата ќе присуствува и ќе се обрати на настанот по повод пуштањето во употреба на еко автобуси во јавниот патнички транспорт во Општина Прилеп, а во Новаци заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, ќе направат увид во напредокот на работите на магистралниот гасовод, секција Неготино – Кавадарци – Прилеп – Битола.