Англискиот фудбалски гигант Манчестер јунајтед доби шлаканица од Кристал палас на „Олд Трафорд“ (1:2). Маркус Рашфорд не искористи пенал за да ја анулира предноста на гостите, но „црвените ѓаволи“ пред самиот крај успејаа да израмнат (1:1). Радоста им траеше кусо бидејќи во 93 минута за време на судиското продолжение Ван Анхолт постигна гол за големо разочарување во „театарот на соништата“. Криста палас победи на „Олд Трафорд“ за првпат по 1989 година.
Манчестер јунајтед имаше убедлив старт во премиерлигашката конкуренција со триумфот над Челси од 4:0, но потоа ремизира со Вулверхемптон (1:1). И на овој меч Манчестер јунајтед неискористи пенал за тримуф, овојпата не реализира Пол Погба.
Резултати на одиграните мечеви во 3. коло: Астон Вила – Евертон 2:0, Брајтон – Саутемптон 0:2, Шефил – Лестер 1:2, Ватфорд – Вест хем 1:3, Манчестер јунајтед – Кристал палас 1:2.