Аксел Рејмонд од Франција, актуелниот светски првак во далечинско пливање е победник на 33. издание од Охридскиот маратон кој денеска се пливаше од „Свети Наум“ до градското пристанишите. Во неизвесна трка на патеката „Климе Савин“ долга 25 километри Французинот прв мина низ целта, пред македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев, кој со освоените бодови во редоследот за далечинско пливање на ФИНА се искачи на првото место во генералниот пласман.
Французинот Рејмонд (25 г.), кој во Охриод има победено и во 2013 година патеката ја исплива за 5.20.55 часа. Заднего стаса Поп Ацев со време од 05:21:03, а третопласиран беше минатогодишниот победник Франческо Џетини. Италијанецот Стокино, во Охрид заврши на делба на 4-то место заедно со Холанѓанецот Марсел Шоутен и го загуби првото место во генералниот пласман.
Во женска конкуренција, победи Италијанката Аличе Франко, со време 05:41:15 часа, пред Ерика Јенсен од Аргентина и водечката во генералниот пласман Пилар Гејко.
Маратонот во Охрид е четврта трка вово серијата на ФИНА, а до крајот на сезоната има уште две трки, во Хрватска и Италија.
Награден фонд на годинашниот Охридски маратон изнасува 15 000 долари. Организатор на Охридскиот маратон е Пливачката федерација на Северна Македонија, а покровител на спортската манифестација е Претседателот на државата Стево Пендаровски.