Актуелниот европски фудбалски првак Ливерпул сигурно стартуваше во англиската Премиерлига. Во третиот настап, со три гола против Арсернал (3:1) ја прокнижи третата победа и е единствениот тим со максимален скор во новата сезона. На „Енфилд“ во дербито на колото од Премиерлигата Ливерпул немаше тешка задача против Арсенал, чиј отпор го скрши во 41. минута, кога Матип со глава ја затресе мрежата на Лено.
Во вториот дел на сцена стапи Салах кој со два погодока го реши победникот по само еден час игра. Најпрво од пенал во 49. минута зголеми на 2:0, а својот трет гол сезонава го постигна во 59. минута за убедливи 3:0. Арсенал намали во финишот преку Лукас Тореира за конечни 3:1.