Александар Ѓорѓевски: Градиме по план, продолжува реконструкцијата на клучни сообраќајници во Ѓорче Петров

 h

Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов продолжуваат со засилено темпо на реконструкција на клучните сообраќајници во општина Ѓорче Петров.
Заврши првата фаза од реконтрукцијата на улицата Ѓорче Петров.
Целосно е реконструиран коловозот и поставена е нова хоризонтална сообраќајна сигнализација.
Реконструкцијата на оваа улица продолжува се до бензинската пумпа Макпетрол, односно до излезот на Скопје, во вкупна должина од 1.500 метри.
Со ова западниот влез во Скопје ќе биде целосно реконструиран.
Истовремено, забрзано се работи на реконструкција на улицата Борис Сарафов во вкупна должина од 1.700 метри.
Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов и општинската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Александар Наумоски остануваат целосно фокусирани на развој и унапредување на инфраструктурата во општина Ѓорче Петров.
Градиме по план!
Преку конкретни мерки и активности, секојдневно работиме во интерес на граѓаните, ја унапредуваме патната инфраструктура, обезбедуваме услови за сигурен и безбеден сообраќај.
Треба да знаете
Последни објави