Обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Русковска која го води „Случајот Рекет“ ја потврдува веродстојноста на фотографијата од објавената прва страница од записникот, во кој се наведуваат цитати од исказ на бизнисменот Орце Камчев, обвинет во случајот „Империја”, објавени вчера на дел од порталите.
Обвинителството, како што соопшти и претходно, нема да ги коментира останатите заклучоци и коментари на авторот.
– Оргиналните списи од предметот ги поседува само Обвинителството, а копија од нив беше доставена до надлежниот суд, велат за МИА од Обвинителството