Очајот на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кулминира со панични соопштенија по нотите на Груевски.
Мицкоски е ист како Груевски, ја одобрува и продолжува хајката кон невладините организации, што ВМРО-ДПМНЕ ја правеше додека беше на власт. Буквално ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ.
Заврши времето кога институциите на државата беа алатки за уцени, рекет и закани во рацете на ВМРО-ДПМНЕ.
Владата предводена од СДСМ покажа и докажа дека борбата против криминалот и корупцијата е врвен приоритет и токму затоа ВМРО-ДПМНЕ излегува со вакви панични соопштенија.
За Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ правдата и одговорноста се непознати поими.
Денес институциите постапуваат независно, професионално и неселективно во борбата против криминалот.
Секој кој што го прекршил законот, без разлика на политичка или било каква припадност ќе сноси одговорност.
Обидите да се прикрие криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и заштитат тајкуните нема да успеат.
Република Северна Македонија е правна држава во која секој е еднаков пред законот, без разлика дали тоа им се допаѓа на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.