Самитот на седумте индустриски најразвиени држави Г7 ќе биде „тежок тест за единството и солидарноста” по година во која лидерите на богатите држави имаа тешко време да најдат заеднички јазик, изјави денеска претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, пред самитот во Биариц, Франција.
Тој им рече на новинарите дека трговските војни меѓу седумте земји-членки дополнително ја нарушиле меѓусебната доверба.
Тој додаде дека доколку американскиот претседател Доналд Трамп користи царии како политички инструмент, тоа би можело да биде ризично за целиот свет, вклучително и за Европската унија.