Македонскиот фудбалски репрезентативец Езџан Алиоски заигра во вистински момет за англискиот чемпионшип лигаш Лидс, пред репрезентативните обврски. За укажаната доверба Алиоски возврати со гол во победата на гости над Стоук (3:0). Првиот гол го постигна Стјуард Далас, а вториот на асистенција на Бамфорд беше дело на Алиоски. Конечниот резултат го постави Бамфорд.
На Алиоски ова му беше втор меч како стартер во дресот на Лидс сезонава, а прв гол по оној меч со ВБА во март кога даде еден погодок во победата на „белите“ со 4:0. Лидс е лидер на табелата по пет кола со 13 бодови (4 победи и едно реми).