Полицијата во Хонг Конг употреби солзавец за да ги растера антивладините демонстранти на источната страна на полуостровот Ковлун.
Тие маршираа низ улиците барајќи отстранување на паметните сијалици во квартот Ковлун, тврдејќи дека во нив се вградени камери и софтвер за препознавање на лице што го користат кинеските власти за надзор.
Властите во Хонг Конг, пак, велат дека паметните сијалици собираат само податоци за сообраќај, временски услови и квалитет на воздухот.
Протестите во Хонг Конг почнаа во јуни поради спротиставување на законот за екстрадиција, но потоа прераснаа во антивладини.