Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да отвори американски конзулат на Гренланд, со што уште еднаш САД го потврди стратешкиот и економски интерес за оваа данска територија.
Во писмото кое Стејт департментот го упати до Конгресот, основањето на конзулатот е дел од планот на американската надворешна политика да го зголеми присуството на Арктикот, пренесе „АП“.
„САД имаат стратешки интерес за унапредување на политичките, економските и комерцијалните односи ширум арктичкиот регион“, се наведува во писмото.
Како што се додава, постојаното дипломатско присуство би им овозможило на САД да ја заштитат основната капитална единица на Гренланд и истовремено да развијат подлабок однос со гренландските власти и општеството.
Во писмото се наведува дека конзулатот ќе биде клучна компонента на напорите на САД за зголемување на американското присуство на Арктикот и ќе послужи како ефикасна платформа за унапредување на американските интереси на Гренланд.
Трамп минатата недела предизвика дипломатски спор со Данска, откако предложи САД да го купат Гренланд, што беше одбиено од страна на данската влада.