Во натпревар од 3.коло на шампионатот на Англија, Челси попладнево на гостински терен го совлада Норвич со 3:2. Оваа победа беше прва за „сините” оваа сезона, воедно и прв успех на официјалните натпревари под водство на тренерот Френк Лампард.
Стрелци на головите за гостите од Лондон беа Абрахам два (3 и 68.минута) и Маунт (17).
За Норвич погодија Кенвел во 6 и Пуки во 30. минута.
По три натпревари Челзи има 4 бода, Норвич остана на 3.