Тенисерот од Јужна Африка, Кевин Андерсон, најави дека нема да учествува на УС Опен поради повреда на коленото.
Според „АФП” 33-годишниот тенисер немал време да се опорави до почетокот на турнирот, а тој ќе биде заменет со Италијанецот Паоло Лоренци.
Андерсон нема настапувано уште од Вимблдон, каде се повреди во третото коло. Тој ги пропушти турнирите во Вашингтон, Монтреал и Синсинати.