Франција не го известила претседателот на САД, Доналд Трамп дека дека шефот на иранската дипломатија ќе се состане денеска со француската делегација на маргините на самитот Г7, соопшти Белата куќа.
Министерот за надворешни работи на Иран, Мохамед Џавад Зариф разговараше со Макрон за можните начини за намалување на тензиите помеѓу Вашингтон и Техеран.
„АП“ наведе дека не се планирани состаноци на Зариф со американските власти.