Канадери цело попладне го надлетуваат Охрид, јавува Охрид њус.
Овие специјални летала учествуваат во гаснењето на пожарот што веќе втор ден беснее помеѓу селата Опеница и Косел.
Тие полнат вода од Охридското Езеро која ја испуштаат врз пламените јазици кои ја голтаат боровата шума во месноста Јасика.