НАСА објави вознемирувачки снимки од пожарите во Амазонија

Вознемирувачки сателитски снимки на НАСА од вселената укажуваат на огромниот размер на пожарите што ја зафатија Амазонската прашума, честопати нарекувана како „белите дробови на светот”.

Пожарот и чадот од Амазон се јасно видливи од вселената, а фотографиите на НАСА покажуваат дека ситуацијата во неколку бразилски држави е застрашувачка.

Снимките на НАСА покажуваат интензивирање на пожарите и чадот во бразилските држави Рондонија, Мато Гросо и Амазонас.

Повеќе од половина од пожарите се наоѓаат во огромниот басен на Амазон, каде живеат повеќе од 20 милиони луѓе.

Повеќе од 75.000 пожари избувнаа од почетокот на годинава, што е за 83 проценти повеќе од лани, и најмногу откако се води евиденција за тоа.

Треба да знаете
Последни објави