Не мора да се биде член на кралското семејство , туку само да се има полн новчаник за да се летува во вилата на Ибица, каде Меган Маркл го прослави својот 38. роденден.
Младата кралска двојка заедно со тримесечниот принц Арчи поминаа една недела во луксузна вила на Ибица , за што платија 120 000 евра. Во истата вила летувале и Пол Макартни и ДиЏејот Дејвид Гета. Вилата Sa Calma на имотот Vista Alegre , недалеку од местото Ес Кубелс се наоѓа на југозападниот дел на островот .
Има базен долг 50 метри со поглед кон морето , седум спални соби , теретана, џакузи , тераса за вечерање, канцеларија…
На располагање на оние кои отседнуваат во вилата им се менаџер за персоналот , готвач со послуга , како и џип Ренџ Ровер со возач и ноќна служба за обезбедување. на барање може да се изнајми и бармен, козметичарка , масер, дадилка , личен тренер и инструктор за јога , како и да се изнајми јахта со екипаж.
И покрај различните варијанти за услугите , Хари и Меган си донеле сопствен готвач , кој се грижел за нивната исхрана на Ибица , а ангажирале и дополнителни шпански телохранители , освен оние кои со нив дошле од Британија.
Меган и Хари предизвикаа остри реакции во јавноста по вестите дека на одморот во Ибица , а неколку дена подоцна и на тридневен престој на Ница во вилата на Елтон Џон , патувале со приватни авиони.
Само во 11 дена четири пати летале со скапите приватни летови , што ја подели британската јавност.