Германската канцеларка, Ангела Меркел изјави дека доаѓањето на иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф во Франција е паралелен настан на истото место, а не официјален состанок во рамки на Самитот Г7.
Таа нагласи дека вреди да се искористи секоја можност за да избегне натамошна ескалација на спорот околу иранската нуклеарна програма, пришто додаде дека лидерите на Г7 имале добра и конструктивна дискусија синоќа на таа тема, пренесе „АП“.
Иранскиот министер за надворешни работи, денеска допатува неочекувано во Бијариц на повик на Франција, на што реагираше Белата куќа од каде истакнаа дека американскиот претседател не бил информиран за состанокот. Зариф за време на кусата посета оствари средба со францускиот претседател, Емануел Макрон, по што се врати назад кон Иран.