Стоилковски: Антикорупциска и Обвинителството очигледно се потчинети на Заев, Рашковски и Анѓушев

Институциите ДКСК и ЈО се очигледно потчинети на државната мафија. Потчинети на Зоран Заев, на Рашковски, на Анѓушев. Директно ги прашувам: Дали членовите на ДКСК се согласиле да ја преземаат одговорноста да бидат алиби за криминалот и корупцијата на државната мафија?, кажа на денешната прес конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Дали антикорупционерите по сиот спектакл за нивен избор, за пополнување на празнината за борба со корупцијата создадена токму од власта, сега прифаќаат улога да остават простор и време за корупцијата да продолжи, со тоа што антикорупционерите  „Отворила предмет“?

Во време на незапаметени огромни меѓународни криминални корупциски скандали на власта, со месеци се чекаат ставовите на антикорупционерите. Отворен предмет значи можност на ЈО да не работи, криминалот и корупцијата да продолжат и натаму, а во меѓувреме да се влијае на докази и на сведоци. Антикорупциска за отворени предмети како Тополки и за Леонардо е срамно алиби за наводно функционирање на системот, кој во исто време врши тортура врз медиуми и новинари заради откривање на корупција, токму во овие предмети.

Леонардо е пример за чиста корупција, а антикорупционерите над 50 денови имаат предмет и немаат став, а државата напаѓа медиуми, се носат новинари во полициски станици, се најавуваат кривични пријави против нив! Зар ДКСК ќе дозволил да почне кривична постапка против новинари, а тие уште ќе градат став „по допрен глас“? Очигледно е дека постои притисок од државната мафија, за толку јасен случај да нема разврска. Колку време им треба на антикорупционерите  за да увидат дека не му е местото на Драги Рашковски како Генерален секретар на Владата да договара тајни средби која компанија да добие тендер, па да договара што да се дополни, што да се менува, колкава ќе е авантата.

Антикорупционерите немаат став ниту за Тополки. Внимавајте Вицепремиерот Анѓушев ја убедил владата за во директна спогодба со Владата да се дозволи и даде земја за да се отвори бизнис на семејни компании на Анѓушеви. Антикорупционерите предметот го имаат од 9 мај. Четири месеци нема никаков заклучок од антикорупционерите за ваков невиден милионски скандал. Дали чекаат Кочо да ги изгради хидроцентралите , да почне да продава струја, можеби и да падне власта и да застари случајот?

Антикорупционери со месеци оставаат простор, обвинителите молчат или среде истрага покриваат владини функционери, корупцијата цвета а државата тоне во сиромаштија и долгови. Ова е класичен пример за злоупотреба на положбата, класичен пример за работа на ДКСК и ЈО под директен притисок и управување од државната власт, од државната мафија од извршната власт. Институциите кои што треба да се со интегритет и високо професионално и етичко ниво, се класичен пример за намерно соучество во корупција и криминогено делување. Ваквото неодговорно однесување на институциите заради власта која што тоне во криминал и корупција, мора да бидат предмет на истрага за можна злоупотреба на службените положби и овластувања.

На Македонија и се потребни итни избори по кои што секој еден  случај ќе биде разгледан од независни институции и ќе има и одговори и одговорност!

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави