Македонскиот ракометен вицепрвак Еурофарм Работник, кој сезонава ќе биде дебитант во регионалната СЕХА-лига и групното натпреварување Лигата на шампионите доби дозвола од Европската ракометна федерација (ЕХФ) да ја користи салата „Боро Чурлевски“ во Битола за одигрување на домашните мечеви во елитното натпреварување. Во Битола, беше извршена реконструкција на спортската сала за да може Еурофарм Работник да биде вистински домаќин пред своите навивачи.
„Фармацевтите“ ги елиминираа сите недостатоци кои им беа посечени од ЕХФ, па салата „Боро Чурлевски“ доби нов изглед и дозвола за одигрување на мечеви од елитното клупско натпреварување. Еурофарм Работник ќе дебитира во ЛШ на 15 септември, кога во Битола ќе го пречека Спортинг во рамките од првото коло во групната фаза.