Загина пилотот на шпанскиот воен авион кој денес се урна во морето во југоисточна Шпанија, соопшти шпанското Министерство за одбрана.
Министерството соопшти дека е откриено тело за кое се верува дека е на пилотот, а конечната потврда ќе биде по форензичкиот увид, објави АП.