Еден од обвинетите во „Монструм“, Фејзи Азири, на денешното рочиште се пожали на судијата Огнен Ставрев дека имал закани по живот од страна на полицаецот кој го спроведува од затворот во Штип до Кривичниот суд.
„Имам смртни закани од полицаецот кој ме носи во суд. Вели дека ќе ни даде по еден куршум во глава и да заврши со сите нас. Лисиците исто така ми ги ставаат од позади, јас сум болен и тоа не можам да го издржам“, рече обвинетиот.
По исказот на Азири, затвосрскиот полицаец кажа дека тоа не е точно, дека не упатувал закани ниту до Азири ниту, пак, до друг обвинет.
Азири кажа дека уште во 2014 поднел барање да не му ги врзуваат лисиците одзади поради неговата болест. Исто така Азири побара да биде преместен во затворот во Скопје бидејќи, како што рече, не можел повеќе да го издржи патувањето од другите градови.