Пожарот во близина на велешкото езеро „Младост“ е проширен на поголема површина. Во гаснењето на пожарот се ангажирани 50 вработени од АРМ и еден хеликоптер на АРМ и два авиона од Дирекцијата за заштита и спасување. Исто така, на помош се пратени и екипи на ППЕ Неготино и ППЕ Кавадарци.
„Во моментот се прават напори да се заштити хотелот ‘Глориус’, кој се наоѓа на патот на пожарот“, информира Центарот за управување со кризи.
Голем пожар избувна денеска околу 11 часот во околината на езерото Младост. Гори борова шума и сува трева. Огнената стихија бргу се шири и зафати огромна површина, која е опустошена од огнот. Во гаснењето на пожарот се вклучија и два „канадера“.