Баварија сака да продолжи со граничните контроли кон Австрија

Германскиот министер за внатрешни работи на Баварија, Јоаким Херман, предлага и по ноември да продолжат граничните контроли кон Австрија поради мигрантите.

„Мојата проценка е дека, за жал, не постигнавме доволно напредок во заштитата на надворешната граница на ЕУ за да можеме да се откажеме од овие контроли кон Австрија“, објасни Херман за АПА.

Тој рече дека баварските власти работеле на пофлексибилни контроли за намалување на метежот и додаде дека колоните кај Салцбург и Куфтштајн биле далеку помали.

Херман посочува дека е поддржувач на Шенген системот, но дека тој може да се врати откако ќе се воспостави соодветна контрола на надворешните граници на ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави