Поранешниот прв човек на Светската фудбалска федерација Швајцарецот Сеп Блатер, кој си замина од функцијата неславно по скандалот со корупција околу додлеувањето на организација за мундијалите, во интервју за ББС, изнесе уште една интересна работа, како се делеле признанијата за најдобрите фудбалери. Во 2013 година, играчот на Реал Мадрид, Португалецот Кристијано Роналдо бше прогласен за најдобар, но Блатер открива дека тоа било сторено со телефонско јавуање на првиот човек на „кралевите“ Флорентино Перез.
-Пред изборот кажав дека Меси е фаворит и дека нему треба да му припадне „златната топка“. Но, ми се јави Перез и ми рече дека тој тоа неможе да го дозволи, потсетувајќи ме да не заборавме дека сум почесен член на Реал Мадрид. Му возвратив дека секој има прево на свое мислење, но на крајот Роналдо беше избран за најдобар играч во светот – открива Блатер.