Двајцата поранешни ракометари на Вардар, македонскиот репрезентативец Дејан Манасков и црногорскиот Вуко Борозан беа првите стрелци во составот на унгарскиот Веспрем против Балатон (40:28).
Манасков постигна шест, а Борозан седум погодоци во вторта сезонска победа во унгарскиот шампионат за Веспрем, кој само пред неколку дена беше убедлив и на стартот со Дабаши (36:17).