Шумскиот пожар којшто избувна изутринава кај велешкото езеро „Младост“ се шири кон селото Новачани. Поради силниот ветер пожарот се раширил во два правца, кон велешкото езеро и кон селото Отовица, каде во опасност биле куќите во близина на железничката пруга. Постои опасност, поради ветрот огнената стихија да се прошири и кон автопатот Скопје – Велес.
Пожарот во близина на велешкото езеро „Младост“ е проширен на поголема површина. Во гаснењето на пожарот се ангажирани 50 вработени од АРМ и еден хеликоптер на АРМ и два авиона од Дирекцијата за заштита и спасување. Исто така, на помош се пратени и екипи на ППЕ Неготино и ППЕ Кавадарци.