Вештaците потврдија дека Тони Цетински не бил под дејство на алкохол

Денеска  продолжи  судењето на Тони Цетински (50) во општинскиот суд Пазин. Музичарот е обвинет дека предизвикал сообраќајна несреќа во 2017 година на една напуштена улица во Ровињ, при што загина 62-годишниот жител на Ровињ, Ибрахим Кевљанин, кој пијан лежел на патот.

Двајца вештаци дадоа свое мислење на судењето и утврдено е дека Тони не бил под дејство на алкохол или дрога во моментот на несреќата, дознава „Глас Истре“.

Во вторник е закажано уште едно рочиште во општинскиот суд Пазин.

Треба да знаете
Последни објави