Оваа ненародна власт на СДСМ предводена од Заев потфрли во сите области. Наместо да водат грижа за најмладата категорија на граѓани, Заев и Царовска продолжуваат со лаги и манипулации во оваа област на детската заштита, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на прес конференцијата на Јагода Шахпаска.
Се фалат дека градат градинки и Центри за развој на децата, а градинките се соочуваат со пренатрупеност на деца.
Зошто СДСМ не кажува кои се тие објекти за деца кои ги градат и опремуваат? Ако Царовска водеше грижа за вработените во градинките немаше на почетокот на годината да им ја намали платат за околу 900 денари, туку ќе им ги зголемеше платите.
Сето ова покажува дека на Царовска не и гајле за грижата на оваа категорија на граѓани.
Оваа власт мора веднаш да си замине. Граѓаните во Република Македонија заслужуваат подобар живот.