Три гиганти се уште се споменуваат како клубови кои се заинтересирани за услугите на Нејмар, меѓудругото, извесно е дека најголемата можност во моментов е тој единствено да се врати на „Камп Ноу“, меѓутоа дискутабилен е ставот во ПСЖ по прашањето за иднината на Бразилецот.
На една седмица пред да заврши преодниот рок, иднината на Нејмар и натаму е главна тема низ медиумите, а „Марка“ пишува дека во Барселона се подготвуваат за „финалето“ во битката за потписот на Бразилецот.
Барселона, Реал Мадрид и Јувентус се екипите кои се заинтересирани за услугите на Нејмар, па така триото гиганти сигурно имаат свои причини зошто се во трката за фудбалерот на ПСЖ кој извесно е дека повеќе нема иднина во редовите на тимот од француската престолнина.
Нејмар преку социјалните мрежи покажа во кој клуб ќе оди, или барем каде сака да оди
Според пишувањата на „Ла Секста“, првиот човек на Барселона, Жозеп Мариа Бартомеу веќе имал состанок со спортскиот директор на клубот, Ерик Абидал за да се утврди како до посакуваното засилување, односно, враќање на Нејмар на „Камп Ноу“, од каде замина за рекордни 222 милиони евра во ПСЖ.
Постојат два главни аспекти во преговорите, се верува дека првиот е секако понуда вредна 170 милиони евра до ПСЖ, а доколку истата е во форма на позајмица, во тој случај опцијата за целосен откуп на договорот на Бразилецот мора да биде обврзувачка, доколку не е, во тој случај е неприфатливо за ПСЖ.
Вториот аспект е секако Барселона да вклучи некој фудбалер од својот состав, а Осман Дембеле е фудбалерот кој постојано се споменува во една ваква прилика, но, извесно е дека Французинот не сака да си замине од редовите на Каталонците во моментов.
Во Барселона истовремено пријавуваат и сомнежи околу ставот на ПСЖ по прашањето на Нејмар, „Ле Монде“ тврди дека сопственикот на францускиот шампион, Емирот од Катар, шеикот Тамим бин Хамад ал Тани нема намера да ја продаде првата ѕвезда во тимот.