Гвајакил има население од 2,7 милиони жители и се смета за деловен центар на Еквадор, но се смета за најзагадениот град во земјата кој произведува најмногу отпад.
Патниците кои користат јавен превоз од неодамна добија можност да разменуваат пластични шишиња за два цента по парче на посебен автомат кој е поставен на централната станица во градот.
„Замислете, за 15 шишиња можете да купите карта“, вели патникот Кристијан Карденас.
„Ваквата опција е поекономична отколку продажбата на шишиња во центрите за рециклирање“, додава 76-годишниот пензионер Вашингтон Браво, кој вели дека на ваков начин заштедува од неговата скромна пензија.
Гвајакил произведува 4.200 тони отпад дневно, од кои се рециклираат само 14 проценти.
„Градот е корумпиран и валкан. Порано не беше вака“, се жали Браво.
Засега има само еден автомат за собирање шишиња, но Леополдо Фалкез, директорот за јавниот превозник „Метровија“, вели дека наскоро ќе бидат поставени машини на сите автобуски терминали во градот.