Германскиот град Билефелд, долго време e предмет на полушеговита теорија на заговор која тврди дека градот всушност не постои, туку дека е илузија проектирана од натприродни сили.
Официјални претставници на Билефелд во врска со оваа теорија неодамна најавија дека ќе дадат милион евра на лицето кое ќе обелодени цврст доказ за непостоењето на градот.
Тие изјавија дека „не постои ограничување во креативноста“ на трудовите кои ќе ги приложат учесниците на натпреварот, но дека за наградата ќе бидат земени предвид само непобитни докази.
Идејата дека Билефелд не постои, најпрво ја изнесе компјутерскиот експерт Аким Хелд, кој во обид да ги исмее теориите на заговор на интернет, го објави ова сатирично тврдење во 1994 година.
Дури и германската канцеларка Ангела Меркел еднаш на шега се посомнева во постоењето на Билефелд, град кој, наводно, се наоѓал на околу 330 километри западно од Берлин