На пет дена до стартот на Светското првенство во кошарка кое од 31 август до 15 септември ќе се одржи во Кина, со негодување се огласија акредитираните спортските новинари кои веќе пристигнале на лице место да известуваат од најголемиот спортски настан кој ќе се одржи годинава. Седмата сила се жали на лоши услови за работа во Кина, бидејќи кинеските власти не дозволуваат користење на социјални мрежи како Фејсбук, Инстаграм, Твитер, Јутјуб…
„На медиумите им е обезбеден ви-фи во сите сали каде ќе се играат натпреварите од СП. Но, таа конекција нема да дозволи и пристап на интернет страници како Фејсбук, Твитер, Инстаграм, Јутјуб и слични, стои во соопштението кое ФИБА им го испратила на сите акредитирани новинари.
Овие апликации денеска се задолжителни во новинарската работа и без нив не може да се известува брзо со испратени фотографи, видео снимки или текст.