ЕУ: Обврските на Лондон остануваат и по брегзит

Европската Унија очекува Велика Британија да ги почитува своите финансиски обврски кои произлегуваат за време на членството во овој блок, дури и ако се случи брегзит без договор меѓу Брисел и Лондон, соопшти портпаролката на Европската комисија, Мина Андрејева.

Соопштението следи откако британскиот премиер Борис Џонсон рече дека ако Британија ја напушти Унијата без договор, повеќе нама да биде законски должна 43 милијарди евра, како што е прецизирано во договорот, кој го усогласи претходната премиерка Тереза Меј.

„Сите обврски кои ги преземаа 28 држави членки треба да се почитуваат. Ова исто така, особено важи во случај на сценарио без договор, кога од Велика Британија би се очекувало да продолжи да ги почитува сите обврски настанати за време на членството во ЕУ“ навела Андрејева.

Треба да знаете
Последни објави