Турскиот фудбалски стратег Умит Каран од денеска не е тренер на македонскиот прволигаш Шкупи од скопската општина Чаир. Одлуката да се раздели со чаирчани поранешниот играч на Галатасарај Каран ја соопшти на својот Инстаграм профил.
-Денеска ја завршувам мојата обврска како тренер на Шкупи. Поднесов оставка до раководството на клубот, а ги информирав и играчите за моето заминување. Би сакал да им се заблагодарам на сите кои ми беа поддршка изминатава година и беа со мене и во добро и во лошо. Се најубаво – напиша Каран.
Шкупи кој во домашниот шампионат по три одиграни кола има скор од победа, пораз и реми, ќе треба час поскоро да најде решение за испразнетото место на жешката клупа.



