Кумановец паднал од мотор и тешко се повредил, вчера во Куманово. Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила во 12.30 часот на улицата Пириниска.
М.М.(70) од Куманово, управувајќи мопед „томос“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот, при што се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.