Струмичанец бил тешко повреден во сообраќајка што се случила утрово на локалниот пат Јурумлери-Хиподром.
Според полицијата, сообраќајката се случила во 03.10 часот. Автомобил „мерцедес ц220“ со скопски регистарски ознаки, управуван од М.М.(31) од Крива Паланка се судрил со мопед „кимко“ со скопски регистарски ознаки, управуван од М.К.(33) од Струмица, со живеалиште во Скопје.
Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.