Од рано утрово, грчката полиција започна голема акција во населбата Ексархија во центарот на Атина, во четири објекти кои што беа под опсада и во кои биле пронајдени 143 бегалци и мигранти, а приведени се три лица, објавија грчките медиуми.
Според истите информации, бегалците и мигрантите биле во два различни објекти и со автобуси биле однесени во Дирекцијата за странци за дополнителна нивна идентификација и проверка на нивните документи, jави дописничката на МИА од Атина.