Хрватскиот фудбалски интернационалец Иван Ракитиќ не доби шанса за настап во тимот на Барселона и на вториот натпревар од новата сезона. Дуелот со Бетис, кој Барса го доби со 5:2 го преседе на клупата. За првпат во последните две години откако е на „Камп Ноу“ се случува Ракетиќ да седи на клупата за резерви на два меча по ред.
Како што пренесуваат шпанските медиуми вакиот потег е затоа што Ракитиќ во текот на денешниот ден треба да замине во редовите на Јувентус. Денеска се очекува да се прецизираат деталите околу трансферот и Хрватот да биде промовиран во Јувентус.
Ракитиќ (31 г.) пет години беше незаменлив првотимец на Барселона, за која одигра 269 натпревари. Со доаѓањето на младиот Френки Де Јонг се пресели на клупата.