Канаѓанецот Милош Раониќ поради повреда, реши да го прескокне настапот на тенискиот гренд слем турнир УС Опен. Тенисерот има истегнат бутен бускул.
Најголем успех на гренд слемот во Њујорк за него е пласман во четвртото коло.
Раониќ ќе биде заменет со „среќниот-губитник” во квалификациите, Камил Мајхржак од Полска, кој во првото коло ќе се сретне со Чилеанецот Никола Jари.
Претходно, претставникот на Јужноафриканската Република, Кевин Андерсон се повлече од турнирот.