Актерската двојка Блејк Лајвли (32) и Рајан Рејнолдс (42) често се шегуваат на своја сметка преку социјалните мрежи. Русокосата актерка и ѕвезда на ’Gossip Girl’ во неделата го прослави својот 32. роденден, и во таа пригода, нејзиниот сопруг објави серија фотографии на кои Лајвли направила некој смешен израз на лицето, гримаса или пак трепнала.
„Среќен роденден„“, напиша Рајан под фотографиите и ги одушеви обожавателите.
„Блејк е природна убавица. Не може да излезе грда на сликата“ се само некои од коментарите.
Брачната двојка во мај потврди дека го очекуваат своето трето дете, а среќната вест ја споделија со јавноста на премиерата на новиот филм на Рајан „Покемон: Детектив Пикачу“ во Њујорк.