Сообраќајот од автопатот Скопје – Велес, од клучка Башино село до влез на градот Велес, се пренасочува по регионалниот пат езеро „Младост” кон Велес поради шумскиот пожар во Велешко.
Како што информира Автомото сојузот на Македонија, пренасочувањето на сообраќајот е од вечерва, од 18:10 часот.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.