Со Атман во експедицијата Вардар заминува на „Супер Глоуб“

Со опоравениот Павел Атман во експедицијата, македонскиот, регионалниот и европскиот ракометен првак Вардар вечерва заминува за Саудиска Арабија, каде ќе настапи на неофицијалното светско клупско првенство „Супер Глоуб“. Рускиот интернационалец имаше повреда на прстот од дланката на десната рака која е санирана и тој им се врати на тренинзите со екипата.

Тренерот на Вардар, новиот шпански стретег Давид Писонеро на овој ИХФ турнир нема да може да смета на услугите на последно пристигнатиот старо-нов вардарец Глеб Калараш за кого сеуште не се завршени административните работи околу регистрацијата за „црвено-црните“  како и на капитенот Стојанче Стоилов и  новакот Бразилецот Хозе Гилермо Де Толедо кои се во фаза на рехабилитација по хирушките интервенции на колената.

За Вардар ова ќе биде втор настап на Супер Глоуб, кој ќе се одржи од 27 до 31 август. Вардар ќе стартува  в среда од четвртфиналето, каде за противник ќе го има подобриот од дуелот меѓу Ал Мудхар и Њујорк.

Треба да знаете
Последни објави