Товарен брод со 25-член екипаж исчезна на крајбрежјето на Индонезија

Товарен брод со никелска руда и 25-член екипаж изгубил контакт во неделата откако објавил повик за спасување од водите крај источниот брег на Индонезија, јпренесува „Сјинхуа“, повикувајќи се на локалните власти.

Бродот „МВ Нур Алја“ пловел кон провинцијата Југоисточен Сулавеси кога испратил сигнал за помош во близина на островот Буру во провинцијата Малуку.

Јусуф Латиф, портпарол на Националната агенција за пребарување и спасување, рече дека повикот за помош посочил дека постои закана за бродот.

Според шефот на локалната канцеларија за пребарување и спасување, Муслимин Самаила, по загубата на контактот, спасувачите се упатиле кон местото каде последен пат е регистриран сигналот на бродот.

Самаила рече дека спасувачката операција била прекината во текот на ноќта поради неповолните временски услови, но продолжила утринава.

Треба да знаете
Последни објави