Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека кинеските власти преку ноќ ги контактирале американските функционери за трговија и рекле дека сакале да се вратат на преговарачката маса. Трамп ја поздрави оваа вест и ја оцени како позитивен развој за светот.
Говорејќи на маргините на самитот Г7, Трамп го нарече кинескиот претседател Шји Џинпинг голем лидер и рече дека ја поздравува неговата желба за договор и смирување на ситуацијата.
Трговската војна меѓу двете најголеми економии во светот во петокот нагло ескалира додека двете страни реципрочно ги зголемија царините за извоз.