Франција го покани Зариф на самитот на Г7 во обид да ги намали тензиите

Франција го покани иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, на самитот на Г7 во обид да ги намали тензиите околу иранската нуклеарна програма, изјави денеска неименуван француски функционер.

Официјален претставник изјави дека одлуката да се покани Зариф на самитот во францускиот град Бијариц дошла откако лидерите на седумте најголеми светски економии, вклучувајќи го и американскиот претседател Доналд Трамп, се собрале на вечера минатата вечер.

Ненадејното пристигнување на Зариф во Бијариц дојде два дена по неговата средба со францускиот претседател Емануел Макрон, домаќин на самитот на Г7.

На прашањето дали Белата куќа знаела за пристигнувањето на Зариф, официјалниот претставник рекол дека Франција дејствува самостојно, но кажал и дека Макрон и Трамп имале долг разговор околу Иран за време на вчерашната двочасовна средба.

Треба да знаете
Последни објави